Акрилен малтер 2.0 декоративен

АКРИЛЕН МАЛТЕР e завршен тенкослоен малтер на база на акрилни врзива за
надвореша употреба за зарибана или мазна структура. Се произведува во бела боја,
но со примената на Мих стемите за машинско нијансирање може да се добие целиот
спектар на нијанси. Акрилниот малтер има добра отпорност на вода, издржливост на
сите времески услови и отпорност на ѕидни алги и мувла.

НАМЕНА: за заштита и декоративна обработка на фасади. Се користи на сите фино обтаботени градежни подлоги како што се малтер, гипсени плочи, плочи од иверица и сл.

ПРИМЕНА: Површината мора да виде сува цврста мазна да не биде замрзната без остатоци од масла. Тепературата на воздухот и подлогата при примената и сушењето на малтерот мора да биде поголема од + 5 C и пониска од + 30 C. Релативната влажност на воздухот треба да биде помала од 80 %. Фасадната површина да биде заштитена од сонце, ветер и дожд. Фасадата не смее да се работи додека врне дожд, има магла или на силен ветер. Малтерот при вграднување мора добро да се промеша со миксер. Сите подлоги задолжително претходно да бидат обработено со АРТИГРУНД тониран со нијанса иста како на малтерот. Акрилниот малтер се нанесува по најмалку 24 часовно сушење на АРТИГРУНД. Малтерот се нанесува рачно со нерѓосувачка челично глетарица. Мазниот малтер веднаш или неколку минути по нанесувањетто може да се структуира со кружни движења со тврда пластична пердашка за да се добие рамномерен и исполнет изгред. Зарибаниот малтер веднаш по нанесувањето да се зариба со кружни движења, вертикални или хоризонтални движења со тврда пластична пердашка додека не се постигне саканата структура. Процесот треба да се изврши што е можно побрзо, без прекин, од еден до друг краен раб на ѕидот. Сушењето на малтерот трае околу 24 часа а во текот на овој период потребна е заштита од врнежи.


РАЗРЕДУВАЊЕ: по потреба малтерот разредете го со максимум 1 % вода.

ЧИСТЕЊЕ НА АЛАТОТ: со вода веднаш по употребата.

РОК НА УПОТРЕБА: 12 МЕСЕЦИ ВО ОРГИНАЛНО ЗАТВОРЕНА АМБАЛАЖА.

ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДОТ: Течниот отпадок не треба да се меша или да се отстранува со отпадот од домакинствата .Да не се истура со вода во канализација или почва.

АМБАЛАЖА: Да се фрли на место за рециклирање.

СИГУРНОСНИ МЕРКИ: Придржете се до општите упатства за градба. Не се потребни посебни заштитни средства за безбедно работење. Да се чува вон дофат на деца.


ПРЕПОРАКА: Малтерот треба да биде порачан за цела градба. Пред нанесувањето на
малтерот со различни производствени датуми и различни производствени шаржи треба да се егализира ( да се мешаат повеќе канти една во друга). Пред да се нанесе
малтерот потребно е да се провери нијансата.


ПРОИЗВОДИТЕЛ: АРТИКОЛОР – ДООЕЛ - Битола

Симни документ