АртиФАС е дисперзивна фасадна боја изработена од квалитетни полимерни врзива и пигменти постојани на светлина .
АртиФАС се карактеризира со одлична адхезија, отпорна на атмосферски влијанија.Парапропусна е и отпорна на светлина. Се произведува во бела боја , но со примена на колоранти може да се добие цел спектар на бои потребни за екстериерно бојадисување.
Разредување: Со чиста вода не повеќе од 10 %.
Примена: АртиФАС е наменет за заштита и декорација на нови фасадни површини изработени од бетон, стандарден малтер, влакнесто цементни плочи и сл., како и за обновување на стари премази . Површината на која се нанесува мора да биде цврста, сува и чиста. Пред нанесувањето на бојата потребно е површината да се импрегнира со подлога за боја АРТИПОД . На исушена подлога фасадната боја АртиФАС се нанесува со четка,ваљак или со прскање во два слоја со меѓуслоен интервал 6 до 10 часа. Може да се нанесува на површини која температура е од +5 до +30° С кога не се на директно влијание на сонцето.По прекинот на работата амбалажата со боја добро да се затвори,а по бојадисувањето приборот да се измие со вода.
Потрошувачка:Со 1 литар 4-5 м2 во зависност од впивливоста и рапавоста на површината
Складирање: Да се чува во сува и проветрена просторија надвор од директен допир на сончева светлина на температура од +5 до +25°С. НЕСМЕЕ ДА ЗАМРЗНИ!!!!!
Рок на траење: 18 месеци во оригинално затворена амбалажа.
АРТИФАС бојата за фасада не е запаллива.
Достапни паковања: 1кг. ; 2 лит.; 5 лит. и 15 лит.
Производител: АРТИКОЛОР – ДООЕЛ - Битола
Симни документ
-
TDS ArtiFAS
File size: 3 MB Downloads: 178