АртиГРУНД е универзален основен премас за сите видови подлогикои се нанесува пред да се нанесе акрилниот, силикатен и силикoнски декоративен малтер. Се произведува во бела боја и може да се нијансира применуваќи ја машината за машинско нијансирање.При употреба се препорачува АРТИГРУНД да се нијансира во нијанса слична на нијансата на малтерот под кој се нанесува.
НАМЕНА: Може да се нанесува на различни минерални подлоги: цементни и гипсани малтери, бетон, гипс - картон и влакненоцементни плочи кои добро го прифаќаат нанесувањето на дисперзиските бои. Не се употребува за површини обоени со уљани и алкидни премази.
ПРИМЕНА: Подлогата мора да биде сува, цврста ,глатка и несмрзната.Температурата на околината и подлогата при употреба мора да биде повисока од +5°C и пониска од 35 °C. Релативната влажност на воздухот треба да биде помала од 80 %.Работите не смеат да се изведуваат при врнење, магла или пак јак ветер. АРТИГРУД пред употреба добро да се имеша.
ВРЕМЕ НА СУШЕЊЕ: ( пред нанесување на малтарот ) минимум 24 часа при 20 C и 65 % релативна влажност.
ПОТРОШУВАЧКА: 5 - 6 м2/1кг во зависност од впивливоста на подлогата.
ЧИСТЕЊЕ НА АЛАТОТ: Со вода одма после употребата .
СКЛАДИРАЊЕ: Да се складира во суви и проветрени простории надвор од досегот на сончевиот зрак при температура од + 5 C до + 25 C.НЕ СМЕЕ ДА ЗАМРЗНЕ !.
ТРАНСПОРТ: За време на траспортот производот не смее да биде изложен на директна сончева светлина , а во зима производот треба да се заштити од замрзнување.
РОК НА ТРАЕЊЕ: Најмалку една и пол година во оригинална затворена амбалажа.
Достапни паковања: 5 кг. и 18 кг.
ПРОИЗВОДИТЕЛ: АРТИКОЛОР – ДООЕЛ - Битола
Симни документ
-
TDS ArtiGRUND
File size: 4 MB Downloads: 154