Arti FIX – WS/D2

Лепило за дрво ARTIFIX - WS / D2

Лепило за дрво ARTIFIX - WS / D2 - е лепило за дрво на база на поливинилацетат (РVAС) и полнила за брзо и квалитетно лепење. Има широка употреба во дрвната индустрија за разни видови на монтажно лепење со помош на дрвени клинови и чепови.

После сушење неговиот филм е бел.

Лепилото се нанесува со помош на четка или ваљак врз чиста и сува површина во количество од 100 до 200 гр/м2. Дрвените површини задолжително да се подготват според техничките стандарди пред лепење.

Време на стегање од 5 - 30 минути во зависност од работните услови и од

видот на материјалот што се лепат.

Материјалите кои се лепат да се остават да се сушат најмалку 1 час пред понатамошна обработка. Конечната цврстина на спојот се постигнува после 24 часа.

Технички податоци:

Боја на лепилото: Бела - Бел Филм

РН вредност :    6.5 - 7.5

Вискозитет (mPas)   23.000  +- 7000

Отворено време на лепење :  5 - 15 минути.

Достапни паковања: 6 кг. и 18 кг.

Производител: АРТИКОЛОР ДООЕЛ - Битола

Симни документ