Arti FIX – CE1

Лепило за лепење на класичен паркет ARTIFIX-CE1

Намена и опис на производот: Лепилото за паркет ARTIFIX-CE1 претставува лепило добиено врз основа на поливинилацетатна водена дисперзија за лепење на класичен паркет врз рамна цементна дрвена и друга абсорбирачка подлога.

Упатство за употреба: Подлогата врз која се нанесува лепилото мора да биде рамна, добро обработена и цврста, добро исчистена од прашина, маснотија и друга нечистотија.Пред нанесување на лепилото потребно е површината да се премачка со прајмер – импрегнација АРТИФИКС Подлога за лепило за паркет  ( 12 часа пред редење на паркетот). Поради времето на сушење, лепилото се нанесува на површина од 1-2 м2. Пред употреба лепилото треба добро да се промеша. Лепилото се нанесува рамномерно со назабена мистрија во слој со дебелина до 2 мм на претходно подготвената подлога. На нанесениот лепак се реди паркетот и добро се притиска . Движење по наредениот паркет може да биде по 24 часа по редењето на истиот. Понатамошна обработка (стружење и лакирање)може да продолжи по пет дена. После работа рацете и алатот се мијат со вода.

Опимални услови на лепење: Дозволена содржина на влага на бетонската подлога max 2% и на паркетот мора да биде max 8% +- 1%. Работна температура на воздухот треба да биде од + 15 до +25, а најниска работна температура е +12С.

Потрошувачка: 1.0 - 1.5 Кг/м2 во зависност од видот на паркетот, подлогата и начинот на нанесување на лепилото.

Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производство истакнат на амбалажата.Се чува во оргинална , добро затворена и неоштетена амбалажа и во сува просторија на температура од +5 С до +25 С. Чувајте го од замрзнување и директно изложување на сонце. Ако лепакот стои подолго во отворена амбалажа потребно е да се заштити со тенок слој на вода за да се избегне формирање на кора. Во наредна употреба на лепилото водата се остранува, а лепилото добро се промешува.

Достапни паковања: 1кг. ; 3.5 кг. и 25 кг.

Производител: АРТИКОЛОР ДООЕЛ - Битола

Симни документ