Arti FIX – DLP

Двокомпонентно лепило за лепење на паркет ARTIFIX – DLP

ARTIFIX – DLP

Намена и опис на производот: Двокомпонентното лепилото за паркет ARTIFIX –
DLP  претставува лепило кое се состои од две компоненти Компонента А-  добиена врз основа на поливинилацетатна водена дисперзија и компонента В  - добиена од полимерни забрзувачи на сушењето . Ова лепило се користи за лепење на паркет со максимални димензии : должина 60 см и ширина 7 см.

Се користи за лепење на  паркет врз рамна цементна , дрвена  и друга абсорбирачка подлога.

Кога се реди на цементна површина предходно цементната подлога треба да биде премачкана со подлога за лепило за паркет АРТИПОД. Подлогата за лепило за паркет треба да биде премачкана 24 часа пред редењето на паркетот.

Упатство за употреба:  Двокомпонентното лепилото за паркет ARTIFIX – DLP  пред употреба 24 треба да се складира во просторијата каде ќе се реди паркетот. Ставете ја компонентата В во компонентата А и внимателно помешајте ги со електричен миксер се додека двете компоненти не формираат една хомогена смеса. Така добиената мешавина се нанесува со назабена мистрија со големи запци Тип В 6 на подлогата која предходно треба да биде рамна , сува чиста и на истата потребно е претходно да биде премачкана со подлогата Артификс – Подлога за лепило за паркет.

Односот на мешање на компонента А : компонента В е 9 : 1.

Производот да не се разредува.

Опимални  услови на лепење:

  • Дозволена содржина на влага на бетонската подлога max 3% и на паркетот  мора да биде max 12% - 18 % ... ± 1%.
  • Работна температура на воздухот треба да биде од  min: + 10С до +25°С.

Потрошувачка: 1.2 – 2.0 kg/m2  во зависност од видот на паркетот, подлогата и начинот на нанесување на лепилото.

Доработување: 24 часа после лепење.

Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производство истакнат на амбалажата.Се чува во оргинална , добро затворена и неоштетена амбалажа и во сува просторија  на  температура од +5 °С до +25°С. Чувајте го од  замрзнување и директно изложување на сонце.

Достапни паковања: 9+1кг.   и   22.5+2.5 кг.

ПРОИЗВОДИТЕЛ: АРТИКОЛОР – ДООЕЛ - Битола

Симни документ